7
дек
2012
Кекс со замрзнати портокали
Јајцата и шеќерот ги биеме со миксер. Се додава млекото, маслото, брашното, пецивото и ванилата и се убаво се меша и се печи.
Во меѓувреме го подготвуваме шербетот.
Ги ставаме шеќерот и водата на оган да зовриат. Ги рендаме 2 замрзнати портокали. Кога кексот ќе се испеце го сечиме повеќе од половина, го кршиме кексот ги додаваме ренданите портокали, шербетот и 10-те лажици од мармаладот и убаво мешаме. Оваа смеа ја ставаме на останатата половина од кексот.
Чоколадото го топиме на пареа и го ставаме одгоре над кексот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Абе чупеее кај си ти??? одлично што се врати пак и тоа со прекрасен рецепт, многу ми се допаѓа ;) позз
Прашање: Тешко е да се ренда замрзнат портокал или не? Има некоја финта?
Многу пати сум меркала благо со смрзнати портокали ама кога ќе замислам дека е замрзнато и треба да се ренда, некако ми иди да се откажам пред време :))