Испечати

Кекс со замрзнати портокали

Кекс со замрзнати портокали

Состојки

  • за кексот
  • 3 јајца
  • 250гр шеќер
  • 200мл млеко
  • 200мл масло
  • 300гр брашно
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 2 портокали замрзнати
  • 1 чоколадо за готвење
  • 10 лажици мармалад од сливи
  • за шербет
  • 10 лажици вода
  • 10 лажици шеќер

Подготовка

Јајцата и шеќерот ги биеме со миксер. Се додава млекото, маслото, брашното, пецивото и ванилата и се убаво се меша и се печи.

Во меѓувреме го подготвуваме шербетот.
Ги ставаме шеќерот и водата на оган да зовриат. Ги рендаме 2 замрзнати портокали. Кога кексот ќе се испеце го сечиме повеќе од половина, го кршиме кексот ги додаваме ренданите портокали, шербетот и 10-те лажици од мармаладот и убаво мешаме. Оваа смеа ја ставаме на останатата половина од кексот.
Чоколадото го топиме на пареа и го ставаме одгоре над кексот.