Белките кои ми остануваат после месењето крофни, ги употребувам за овој прекрасен колач.

Подготовка:

1. Се маткаат белките со миксер до цврст снег. Се додава шеќерот, маслото и ванилата и се меша со шпатула. Се додаваат оревите постојано со мешање и на крај брашното во кое сме го измешале печивото.

2. Се печи во куглоф, намрсен и набрашнет. Се печи околу 20 минути. Одозгора се декорира со шеќер во прав или растопено чоколадо. Се сечи кога убаво ќе се излади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови