Испечати

Kекс со белки во куглоф

Kекс со белки во куглоф

Состојки

  • 5 белки
  • 1 чаша (од 200 мл) шеќер
  • 1 чаша масло
  • 1 чаша сечкани јатки
  • 1 ванилин шеќер
  • 12 г.л. брашно
  • 1 прашак за пециво

Подготовка

Белките кои ми остануваат после месењето крофни, ги употребувам за овој прекрасен колач.

Подготовка:

1. Се маткаат белките со миксер до цврст снег. Се додава шеќерот, маслото и ванилата и се меша со шпатула. Се додаваат оревите постојано со мешање и на крај брашното во кое сме го измешале печивото.

2. Се печи во куглоф, намрсен и набрашнет. Се печи околу 20 минути. Одозгора се декорира со шеќер во прав или растопено чоколадо. Се сечи кога убаво ќе се излади.