Кекси со прелив и лешници
Пенасто измиксајте го маргаринот со шеќерот и јајцето. Додајте ги и останатите состојки. Постепено додавајте го брашното. Брашно треба онолку колку да се замеси средно тесто што не се лепи и не е тврдо.
Оставете го 30 мин.(немора) во фрижидер. Од тестото развлечете кора од 5 мм. Со чашка вадете форми. Ставајте ги во плех со хартија или подмачкан со масло. Постапката повторете ја додека има тесто.
Печете на 200 степени додека малку поруменат. Извадете ги и оставете ги да се оладат. Додека се ладат чоколадата стопете ја на пареа, додадете го маслото и измешајте. Секое колаче од горната страна ставајте го во чоколадо па во мелени лешници. Оставајте ги на рамна подлога, ставете ги малку во фрижидер да се стегни глазурата. Чувајте ги во кутија добро затворена..
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови