Испечати

Кекси со прелив и лешници

Кекси со прелив и лешници

Состојки

  • 250 гр. маргарин (на собна температура)
  • 150 гр.-200 гр. шеќер + 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 пециво
  • 50 гр. ситно сечкани лешници
  • 1 јајце
  • 1 лажиче кисела павлака
  • 450-500 гр. брашно
  • Глазура
  • 200 гр. чоколадо
  • 5 лажици масло
  • 100 гр. мелени лешници

Подготовка

Пенасто измиксајте го маргаринот со шеќерот и јајцето. Додајте ги и останатите состојки. Постепено додавајте го брашното. Брашно треба онолку колку да се замеси средно тесто што не се лепи и не е тврдо.
Оставете го 30 мин.(немора) во фрижидер. Од тестото развлечете кора од 5 мм. Со чашка вадете форми. Ставајте ги во плех со хартија или подмачкан со масло. Постапката повторете ја додека има тесто.
Печете на 200 степени додека малку поруменат. Извадете ги и оставете ги да се оладат. Додека се ладат чоколадата стопете ја на пареа, додадете го маслото и измешајте. Секое колаче од горната страна ставајте го во чоколадо па во мелени лешници. Оставајте ги на рамна подлога, ставете ги малку во фрижидер да се стегни глазурата. Чувајте ги во кутија добро затворена..