13
ное
2015
Кафе мафини
Во еден сад се ставаат јајцата со шеќерот и се матат. Потоа во смесата се додава растопениот путер, студеното кафе и млекото.
Во друг сад се става брашното, прашокот за пециво и какаото и се промешува за да се соедини. Сувите состојки се додаваат на течните, се разматува да се соедини и се распределува во калапот за мафини.
Мафините се печат на 180 степени 20-25 минути.
Откако ќе се оладат целосно се декорираат со чоколадо или нешто друго.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови