Карфиол и брокула во тегла
Богатите пазари со карфиол и брокула ме инспирираа да ви го напишам овој брз рецепт за ставање на овој зеленчук за зимница.
1. Брокулата и карфиолот добро ги миеме. Јас обично ги оставам малку да стојат во вода во која имам ставено едно лажиче сода бикарбона.
2. Ги цепкаме и сецкаме на цветчиња, во зависност колкави сакаме да бидат, а и за да ги собере што повеќе во теглите.
3. Ги редиме во тегла.
4. Во секоја тегла ставаме по 1 лажица шеќер, 1 лажичка сол и 1 шољичка алкохолен оцет (околу 50-60 мл).
5. Во теглите долеваме вода и ги затвораме.
6. Ги ставаме во рерна, ја вклучуваме на 180 степени и откако рерната ќе ја постигне оваа температурата, ја исклучуваме по 45 минути.
7. Теглите ги оставаме околу 12 часа во рерна.
Овој рецепт обично го правам навечер и ги оставам теглите во рерна преку ноќ. Излегуваат 10 тегли.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
за брокулата конкретно.Само ме интересира колку процентен е оцетот?
За во туршија знам ставаме редовно,ама годинава болката беше за тоа дали брокулата може или не може :)
Ма на глава ми се качи,а јас не сум сретнала сличен рецепт,па сега добредојден е!
Фала многу
Температурата ја неместив на 150 степени,ама ги подраборавив и наместо 45 мин останаа 55 мин. Сепак се крцкави какви што сакавме и веќе изедовме 3 тегли :Р
Фала многу и по се изгледа дека се дури има ефтин карфиол и брокула ќе го правам ова