Испечати

Карфиол и брокула во тегла

Карфиол и брокула во тегла

Состојки

  • 2 кг карфиол
  • 1 кг брокула
  • 10 лажици шеќер
  • 10 лажички сол
  • 600 мл алкохолен оцет

Подготовка

Богатите пазари со карфиол и брокула ме инспирираа да ви го напишам овој брз рецепт за ставање на овој зеленчук за зимница.

1. Брокулата и карфиолот добро ги миеме. Јас обично ги оставам малку да стојат во вода во која имам ставено едно лажиче сода бикарбона.
2. Ги цепкаме и сецкаме на цветчиња, во зависност колкави сакаме да бидат, а и за да ги собере што повеќе во теглите.
3. Ги редиме во тегла.
4. Во секоја тегла ставаме по 1 лажица шеќер, 1 лажичка сол и 1 шољичка алкохолен оцет (околу 50-60 мл).
5. Во теглите долеваме вода и ги затвораме.
6. Ги ставаме во рерна, ја вклучуваме на 180 степени и откако рерната ќе ја постигне оваа температурата, ја исклучуваме по 45 минути.
7. Теглите ги оставаме околу 12 часа во рерна.

Овој рецепт обично го правам навечер и ги оставам теглите во рерна преку ноќ. Излегуваат 10 тегли.