Карфиол во тесто
Не ги пишувам точно количините на брашното и млекото бидејки зависи од големината на карфиолот колку тоа смеса треба да приготвите.
Се прави малку погуста смеса од колку за палачинки, понатаму си е се по свој ред.
Ќе поставам овде два рецепта за похување на карфиолот, а вие изберете. Да напоменам дека веќе имам поставено и друг рецепт за похување кој е со пиво.
1.
- Исчистето го карфиолот и поделете го на цветчиња, ставете да се кратко вари на пареа.
- Изматете со жица јајцата, додадете ја мешавината од брашната и пецивото, додајте сусамот или лененото семе, солата и мешаниот сув зачин (значи на вкус ќе осолите). Додадете млекото до потребната густина - измешајте.
-. Секој цвет од карфиолот умакувајте го во тестото и пржете на умерено врел зејтин.
2
- Издвојте ги белките и жолчките.
- Острото брашно се меша со млака вода да се добие густина која може да се меша, да не е ретко. Додадете пецивото и двете жолчки, солта.
Измешајте добро со жица.
- Одвоените белки изматете ги во цврст снег, додадете во предходната смеса и оставете да се одмори 10 мин.
- Секој цвет умакувајте го во оваа смеса и пржете во умерено врел зејтин.
Напомена
И за двата рецепта важи предходно напишаното за карфиолот, се разделува на цветчиња, се вари на пареа. Внимавајте да не се превари затоа што потешко ќе можете да го похувате и ќе ви се крши на ситни парчиња.
Лиценца: Сите права се задржани