Карамел пралине
Долготрајни и декоративни, чоко бомбоните кај нас се добредојдени кога има ненајавени гости а нема ништо друго, следноит предлог е во прилог.
На тивок оган се топи шеќерот, се додава слатката павлака и се изедначува смесата. Се трга од оган и се ставаат оревите, се лади.
Во меѓувреме ставете на тивко да се топи чоколадото за секои 100гр. ставам по 3-4 лажици масло се премачкуваат силиконските калапи со него и се оставаат да се зацврсни. Постапката се повторува уште еднаш или двапати, по потреба, а изборот на боја на чоколадо е ваш и замислата за декорирање исто така. Потоа се полнат калапите и како финиш се залева слој од топено чоколадо најгоре да се затворат, се оставаат добро да се зацврснат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови