Карамел колач
Овој колач се припрема лесно и брзо, многу е вкусен и убаво изгледа сервиран на чинија.
Прво подгответе го филот за да има време да се излади.
Во тенџерче ставете го шеќерот да се направи карамел. Кога ќе се карамелизира целиот шеќер и ќе добие убава боја сипете 500 мл млеко, многу внимателно, може да искипи многу лесно (најдобро сипете прво малку од млекото, па потоа постепено додајте го остатокот). Мешајте за да се растопи целиот карамел во млекото.
Измешајте го густинот со останатите 100 мл млеко и ванилите и сварете крем во млекото. Кремот покријте го со пластична фолија (да ја допира целата површина на кремот) и оставете го да се излади.
За пандишпанот просејте го брашното, какаото и содата. Потоа додадете ги сите останати состојки и изматете со миксер. Ќе добиете смеса слична на таа за палачинки.
Тавчето за печење (~20х30 см, моето е 20х35 см) обложете го со хартија за печење (спремете уште 3 парчиња хартија веднаш) и испечете 4 корички. Јас измерив на вага колку тежи смесата за пандишпан и ставав по 1/4 од неа на секое печење. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 7 минути.
Коричките одделете ги од хартијата за печење, ќе се изненадите од нивната структура. Многу се флексибилни и издржливи.
Слатката павлака изматете ја во крем и постепено додавајте по малку од изладениот карамел фил. Потоа исфилувајте го колачот. Оставете го малку да се стегне, исечете коцки и уживајте.
Пријатен апетит!
Ако печете во поголем плех, како од рерната на пр, испечете 3 корички. Јас користев домашен мармалад од кајсии, но може да употребите каков сакате бидејќи не се чувствува на вкус.
Лиценца: Сите права се задржани