Крцкави карамелизирани мусли во комбинација со путер од кикирики, едноставно и
одлично заблажување... грицкајте и уживајте.
Подготовка
1. Урмите и бадемите ситно ги сечкаме и ги додаваме во садот во кој сме го ставиле
путерот од кикирики.
2. Какао путерот заедно со кафеавиот шеќер ги загреваме додека да се растопи и
карамелизира шеќерот.
3. Муслите ги додаваме кон карамелизираниот шеќер и интензивно мешаме, за да не ни
се направат големи грутки.
4. Ги префрламе во садот со путерот од кикирики, урмите и бадемите.
5. Продолжуваме да мешаме до соединување на смесата.
6. Сместа ја распоредуваме во силиконски калапи. Оставаме да се стегнат.
50
Забелешка
Бели и сечкани бадеми ги купував спакувани во кесички, ако не можете да најдете
можете да искористите бадем во лист.