Замесете го тестото од брашното, квасецот, солта, шеќерот и по потреба млака вода.
Тестото треба да е средно меко и нелепливо.
Поделете го на 2 или 3 помали топчиња, покријте и оставете да отстојат 30 минути.

Во меѓувреме подгответе ги јаболките.

Јаболките излупете ги и исечете ги на коцки.
Во тава на оган ставете го шеќерот. Откако ќе почне да се карамелизира ставете ги јаболките, циметот, каранфилчето и оревите.
Јаболките карамелизирајте ги на многу тивок оган додека подомекнат, но внимавајте да не ви станат кашести.

Откако лебчињата стасале, расукајте ги во кора.
Пржете ги во нелеплива тава убаво премачкана со пчелин восок.

На секое лебче ставете од јаболките, завиткајте во ролат, посипете со агаве сируп и веднаш послужете.

Велам веднаш послужете бидејќи овие лебчиња ги спремав за време на Петровденските пости во деновите кога се постеше без масло, па лебчињата во составот не содржат масло и побрзо се стврднуваат.

Но, секако може да се стави масло и така ќе бидат помеки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани