Во сад над пареа, растопете го чоколадото. Капучиното растворете го во малку зовриена вода. Доколку сакате, наместо капучино употребете нескафе. На тој начин ќе добиете колачи со поинтензивен вкус.
Измешајте ги состојките, убаво соединете и оформете по желба. Секогаш може да додадете мелени бисквити (за да добиете повеќе колачи). Само зголемете го количеството на маргарин и слатка павлака.
Оставете ги колачите еден час во фрижидер.
Над пареа растопете го чоколадото за готвење и додадете го маслото.
Чоколадирајте и декорирајте со бело чоколадо.
Доколку правите бомбици, наместо чоколадирани, може да ги посипете со покрупни парчиња рендано бело чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани