Капкејкс
Најпрво на пареа или тивок оган растопете ги чоколадото и карамелите предходно ситно исецкани и оставете го да се лади со повремено мешање.
Во сад на страна, пенасто изматете го маргаринот со шеќерот, па потоа 1 по 1 додавајте ги јајцата. Потоа додадете го јогуртот и на крај брашното измешано со прашокот за пециво.
Со лажица измешајте уште и половина од растопеното чоколадо со карамели и сипајте во модлите за мафини во кои сте ставиле хартиени корпиња.
Печете на 180 степени додека нараснат, односно испечат. Проверете со чепкалка. Печените капкејкс оставете ги малку да подизладат, па извадете ги од корпињата.
Шлаг кремот припремете го спрема упатството на кесичката. Слатката павлака со ванилата изматете ја одделно и потоа измешајте ја со шлаг кремот.
Поделете го филот на 2 нееднакви дела. Во помалиот дел вмешајте го останатото растопено чоколадо со карамели (добро оладено).
Тортиците веќе изладени пресечете ги на половина. Секоја половинка со шприц за филовање филовајте ја со филот со чоколадо и повторно лепете ги. Најгоре украсете ги со светлиот (другиот) фил и посипете ги со шарени или чоколадни трошки и ако имате некое овошје од компит или слатко ставете на врвот.
Од оваа доза излегуваат 12 капкејс.
Лиценца: Сите права се задржани
која ми ја нарекоја Пицопита :))) За жал само оваа слика е од неа, таа прва се јадеше и многу набрзина се изеде ;)
Но за тебе ако треба специјално дупла доза праќам ;)
A ova kolacevo si go zedov da znaes, i ic ne mi e dosadno, koga gledam vakvi ubavini:)))pozz
Ovie taman kako za nas, em cokolado, em lesnik karamela ,kombinacija za merak....