Испечати

Капкејкс

Капкејкс

Состојки

  • 2 јајца
  • 125 гр шеќер
  • 160 гр цврст јогурт
  • 80 гр маргарн
  • 2 лажички пециво
  • прстофат сол
  • 280 гр брашно
  • * Фил
  • 100 гр чоколадо
  • 8 лешник карамели
  • 1 шлаг крем од ванила
  • 200 мл слатка павлака
  • 2 ванилин шеќер или лажиче екстракт од ванила

Подготовка

Најпрво на пареа или тивок оган растопете ги чоколадото и карамелите предходно ситно исецкани и оставете го да се лади со повремено мешање.
Во сад на страна, пенасто изматете го маргаринот со шеќерот, па потоа 1 по 1 додавајте ги јајцата. Потоа додадете го јогуртот и на крај брашното измешано со прашокот за пециво.
Со лажица измешајте уште и половина од растопеното чоколадо со карамели и сипајте во модлите за мафини во кои сте ставиле хартиени корпиња.
Печете на 180 степени додека нараснат, односно испечат. Проверете со чепкалка. Печените капкејкс оставете ги малку да подизладат, па извадете ги од корпињата.
Шлаг кремот припремете го спрема упатството на кесичката. Слатката павлака со ванилата изматете ја одделно и потоа измешајте ја со шлаг кремот.
Поделете го филот на 2 нееднакви дела. Во помалиот дел вмешајте го останатото растопено чоколадо со карамели (добро оладено).
Тортиците веќе изладени пресечете ги на половина. Секоја половинка со шприц за филовање филовајте ја со филот со чоколадо и повторно лепете ги. Најгоре украсете ги со светлиот (другиот) фил и посипете ги со шарени или чоколадни трошки и ако имате некое овошје од компит или слатко ставете на врвот.
Од оваа доза излегуваат 12 капкејс.