Капама со лозови листови
Ова од бабини рецепти, еден рецепт од моите бучкуруши... хихи
1. Измените и од рачки исчистени лозови млади листови се посолуваат и се остават да стојат 15 мин.
2. На зејтин се пропржува малку поситно исецканото јарешко или јагнешко месо. Кога ќе се зацрви, се вади од тенџерето.
3. Се истиснува водата од листовите кои ја пуштиле, се дробат на ситно, па заедно со исечениот млад кромид се стават на истиот зејтин да се пржат. Се враќа овде испрженото месо и продолжува уште кратко време да се пржи.
4. Се залева со вода, се зачинува и остава да крчка на тивок оган.
5. Кога е готово се подпржува со лажица брашно, малку црвен пипер и уште малку да проврие, се трга.
Се служи со кисело млеко или кисела павлака.
Јас ретко некогаш да ја подпржувам, ако крчка на доволно тивок оган... капамата си ја добие густината сама, а мојата домашна екипа ја сака повеке подпржена. Вие сами одлучете како ке заврши оваа капама во вашето тенџере, ако воопшто некој одлучи да ја спрема, оти повеке сакаме сарма од капама...ама ова јадење е исто така добро.
Лиценца: Сите права се задржани