- Одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги белките со шеќерот во цврст шаум, намалете брзината на миксерот и додавајте една по една жолчките. Цело време матете со миксерот. Потоа додадете го брашното измешано со какаото и промешајте додека ја добиете еднолична смеса и боја. Истурете во плехче од рерната покрено со хартија за печење. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 15-20 мин. додека не почне кората да се одвојува од плехот. Извадете, нека олади, исечете за да добиете два еднакви дела, одлепете ја хартијата.
Фил
- Сварете го пудингот во млекот, покријте со проѕирна фолија за да не се создаде кора и почекајте да олади до собна температура. Додека се лади вие сматете го путерот или маргаринот со шеќерот во прав, во него додавајте од оладениот пудинг. Цело време мешајте да се изедначи односно да се спојат путерот и пудингот. Додадете и какаото и кафето.
Филувајте поставувајки ја првата кора и половина од филот, потоа другата кора и одозгора остатокот од филот. Декорирајте како ви е вољата, јас секогаш по поедноставните работи - посипана со трошки од бискоти.
Напомена
- Наместо путер или маргарин, сварениот пудинг можете да го додадете во слатка павлака и да спремите исто така добар, мек фил.
- Можете да го збогатите додавајки на филот барем едно јајце, така што ќе ставите да се грее дел од млекото, а во останатиот дел ќе го сматите јајцето и ќе го растворите пудингот. Кога ќе зоврие тргнете на страна и полека истурајте, мешајте да не се згрутчи, вратете на оган и доварете го пудингот. Секогаш можете да додадете наместо какао во филот - чоколадо.
Варијации полно, овој пат кај мене беше округла оформувајки со три кори - какаото беше толку лошо и не ја добив саканата боја, за да после испечам само уште една кора ставајки во неа чоколадо во прав....
- Ако се двоумите околу тоа што нема пециво, за да ја одметнете мислата да не ве гони, слободно ставете си малку...нема да смета.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани