Белките се матат во цврст снег, па им се додаваат 4 лажици шеќер и се матат додека станат стаклести.
Жолчките се матат со 6 лажици шеќер додека станат пенасти.
На страна какаото и брашното се просејуваат низ сито или цедалка и низ нив се меша и пецивото.
Вака просеаните суви состојки се додаваат кон изматените жолчки и лесно се меша со дрвена лажица. Постепено мешајќи се додаваат и оревите.
На крај кон смесата се додава и снегот од белки, внимателно се промешува и смесата се сипе во плех над хартија и се пече околу 25 минути на 170 степени.
Одкако ке се испече се сече по должина на два дела и се филува.

Фил
Прво се матат белките во цврст снег и постепено им се додава шеќерот.
Кон изматените белки се додаваат и жолчките и какаото и смесата убаво се мати. Целата смеса се става да се вари во сад над пареа и така се мати околу 15 минути.
Пред крај се додава чоколадата и убаво се меша додека се растопи. Од како ќе се олади кон смесата се додава изматениот маргарин и филотсе остава околу 1 час во фрижидер да се стегне.
Тортата се филува внатре и одозгора, а се декорира по желба.

Чоколадните торти се омилени кај многу од нас и овој рецепт може некому да послужи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела