Испечати

Какао колач

Какао колач

Состојки

  • Прелив
  • 600 мл млеко
  • 10 лажици шеќер
  • Тесто
  • 3 јајца
  • 12 лажици шеќер
  • 12 лажици млеко
  • 12 лажици масло
  • 12 лажици брашно
  • 1 пециво
  • 3 лажици какао
  • џем од кајсии
  • 2 шлага

Подготовка

Ова е еден лесен, сочен, сладок колач со мала доза на киселкаст џем од кајсии. Со еден збор одличен.
1. Најпрво се прави преливот. Во тенџере се става млекото и шеќерот се вади додека да се растопи шеќерот. Се лади.
2. Во друг сад се матат јајцата со постепено додавање на шеќерот. Кога ќе се згусни се додаваа сите останати состојки и пак се мати со миксер. Се става во подмачкан плех 20х30см и се печи на 180С-20мин.
3. Додека е топол колачот се прелива со преливот од млеко. Се остава да олади па потоа се премачкува со џем од кајсии и шлаг.
На здравје!!!