
6
сеп
2012
Интегрална проја со семки
Се матат јајцата со миксер. Постепено се додава маслото, брашната, јогуртот, киселата вода, прашокот за пециво и солта и се меша да се добие хомогена смеса. Вака подготвената смеса се истура во претходно намастена и набрашнета тава бр 26. Површината на смесата се посипува со четирите врсти на семки и се става да се пече во загреана рерна околу 30 минути на 220 степени. Се служи по желба со кисело млеко, кајмак, павлака...Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови