Испечати

Интегрална проја со семки

Интегрална проја со семки

Состојки

  • 3 јајца
  • 1 филџан 250мл пченкарно брашно
  • 1 филџан 250мл интегрално пченично брашно ( во случајов од камут)
  • 1/2 филџан палента
  • 1 филџан 250мл кисела вода
  • 1 филџан 250мл јогурт
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 1 лажиче сол
  • 200 гр сирење
  • 50 гр семки од тиква
  • 50 гр семки сончоглед
  • 50 гр ленено семе
  • 50 гр сусам

Подготовка

Се матат јајцата со миксер. Постепено се додава маслото, брашната, јогуртот, киселата вода, прашокот за пециво и солта и се меша да се добие хомогена смеса. Вака подготвената смеса се истура во претходно намастена и набрашнета тава бр 26. Површината на смесата се посипува со четирите врсти на семки и се става да се пече во загреана рерна околу 30 минути на 220 степени. Се служи по желба со кисело млеко, кајмак, павлака...Добар апетит!