Прво се подготвува ванила кремот за побрзо да се излади.
Се одделува 150 мл. од млекото, а другото се става да се загрее на оган. Во одделеното млеко растворете го шеќерот и густинот, мешајте да нема грутчиња. Кога млекото ќе почне да врие сипете ја растворената смеса, мешајте постојано да се згусти.

Во меѓувреме пред крајот изматете го јајцето во ванилиниот шеќер со жица за матење, додадете го во кремот и варете уште 1 минута. Тргнете го од оган и додадете го ванилиниот екстракт, покријте со проѕирна фолија и оставете во фрижидер да се излади.

Потоа се подготвува бисквитниот слој.
Во сад изматете ги маргаринот и шеќерот пенасто, додајте ги бисквитите и кокосот и пополека додавајте од овошниот сок и месете да добиете бисквитно тесто. Од тестото да може да се прават топчиња.

Белиот крем ќе го направите при крајот на подготовката.

Земајте од бисквитната смеса и направете бомбица, средна, расплескајте ја во големина на мал калап за мафини или мали кошнички за мафини, ставете го во калапот, така направете со сите, мене ми излегоја околу 30.

Додека ги направите сите ванила кремот доволно ќе се излчади и стегне, полнете од него во слаткарски шприц, полнете ги торичките, откако се направени сите направете го белиот крем.

Слатката павлака цврсто изматете ја додадете ја киселата павлака и шеќерот во прав, изматете да се соедини.
Од кремот ставајте во слаткарски шприц и наполнете ги над ванилиниот крем, одозгора украсете со парче какво било овошје или од слатко или од компот.
Оставете ги малку во фрижидер да се изладат и послужете.

 ЗАБЕЛЕШКИ
- Може да се прави како торта во калап во кој ќе ви одговара.
- Кај мене излегоја потенки бидејќи кошничињата ми беа поголеми, но сепак беа вкусни. =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови