Ова тесто е за две ролади долги колку големиот плех од шпоретот.Но јас ги правам во длабока долга тепсија која е долга ,а тесна за роладите да одат во висина ,а не да бидат сплоснати и широки.

Значи се замесува тесто од сите состојки и се остава да кисне 15 мин на топло. Потоа се премесува убаво тестото и се дели на 2 дела. Се сука кора и се премачкува со половина од филот и се витка во ролат. Истото се повторува и со другото тесто. Се оставаат во длабок долг плех и се оставаат да надојдат 40мин.
Се печи во загреана релна 20мин/180С.
Кога ќе се испечат роладите се премачкуваат со стопен маргарин и се наросуваат обилно со шеќер во прав и се завиткуваат во најлонска фолија. Може да стојат и две недели.
Наздравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани