Се замесува тесто од наведените состојки, без активирање на квасецот.
Се остава да одмори 10 мин па се работи.

Се дели на два дела, едниот малку помал.
Секој дел уште на половина. Се гледа во дополнителните фотографии.
Се делат на по 7-8 топчиња.
Секое се отвора колку плитко тањирче и се премачкува со маргарин.Се редат на 4 места по 7-8.Треба да се добијат 4 кори.
Од секој дел се отвора кора и одат две долу, па фил и две горе.В средина се става фил.Од горе по малку маргарин.

За филот
Блитвата се мие, чисти од белиот дел-рачката и со сол се поминува низ раце. Се остава да отстои, да ја пушти водата, се цеди убаво и се меша со изварката и јајцата. Се посолува по вкус.

Се печи на 220 додека убаво порумени, во претходно загреана рерна.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани