Затворени мали пици
Брашното го просејуваме, го ставаме во сад за месење. Правиме кратер на средината ги додаваме потребните состојки за тестото. Јајцата претходно ги матиме со вилушка. Квасецот го раствораме со мал дел од топлата вода. Со сите состојки замесуваме средно тесто и го оставаме на топло околу триесетина минути да стаса.Количината на водата може да ни варира плус малку повеќе зависно и од големината на јајцата.
Саламата и кашкавалот ги рендаме и ги промешуваме со сосот и ориганото. Од ова тесто јас направив две плекчиња едното бр.30 топчиња за пици 20, а од остатокот расукав 3 кори и ги завиткав во ролати. Ролатите ги филував само со рендан кашкавал околу 300 грама, а со остатокот од кашкавалот, саламата, ориганото и сосот од домати ги полнев топчињата за пиците како што се гледа на една од сликите.
Кога топчињата расукани во мала коричка и затворени како топчиња, ги оставаме да стасаат. Ги премачкуваме со жолчката, посипуваме со сусам и ги печеме околу 30 минути на 200 степени. Во мегувреме ги расукуваме трите кори ги филуваме со кашкавал и оставаме да стасаат. Ги премачкуваме со жолчката, посипуваме со сусам и ги печеме на истата температура 30 минути. Овие мали пици и ролатчиња беа многу меки и вкусни. Се надевам дека овој мој рецепт ќе ви се допадне. Ви посакувам добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани