17
мај
2012
Затворени пишии
Се меси тесто од брашното, солта, шеќерот и квасецот со водата да биде меко замесено. Се остава да стаса околу 30 минути, се премесува и пак се кисне тестото. Кога стаса се прават топчиња не многу мали, се расукува со посипување на тестото со брашно одоздола и одозгора да не се лепи додека се расука мала коричка. Се додава од филот. Шунката ја сечеме на ситни коцки, а кашкавалот го рендаме на едрата страна од рендето. Додаваме од филот на пишиите, ги затвораме и ги пржиме на врел зејтин притоа ги боцкаме со вилушка на неколку места за да нараснат. Пријатен доручек
Лиценца: Сите права се задржани