Идејата за вака пакувана салата во мрежа од палачинки не е моја, ја има по интрнетот на клипови, рецепт точно не знам, но затоа се послужив со рецептот кој што си го имам за палачинки со една мала измена - додадов повеќе брашно за да добијам погуста смеса. Се покажа како успешен. Идејата ја има и на коолинариката со подруг рецепт кој за мене е многу густ, опорит за работа додека се истура од модлата, па затоа си направив по мое... како знам и умеам од типот - Снајди се. Па јас се снајдов и многу сум задоволна.

Еве линк од клипчиња за https://www.youtube.com/watch?v=5V_fxLAXN_4

Палачинки
1. Во сад измешајте ги состојките за тестото - треба да добиете погуста смеса од вообичаените палачинки.
2. Во соодветна модла (шише со тапа на која има отвор-најчесто купувани за малите деца сокови и вода пакувани во такви шишиња) истурете од смесата. Загрејте ја тавата и правете мрежа од тестото - печете како и палачинките.
Фил
1. Сварениот пилешки стек исецкајте го ситно, измешајте со сецкана шунка, кашкавал, доколку сакате кромид, соединети ги со павлаката.
2. На лист од марула ставете од салатата, замотајте ја со листот заедно, потоа вака смотаниот лист пренесете го на мрежата од палачинки.. замотајте.
Тоа е тоа.
Тука повеќе имав за цел да ја поставам идејата. Можете да пакувате било која салата која дозволува да се замота, еднаш замотував вака микс за тортиљи... супер задоволна. Мрежата лесно можете да ја направите, правите прво круг, а потоа додавајте ги линиите...
Денешниве ги замотав со крем сирењето кое го имам од сопствениот ми рецепт во кое додадов рендана краставица, малку лук, малку копар.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани