Жолти колачиња со тиква
Фини меки и жолти суви колачи со крцкава кора и мека внатрешност со вкусна нежна нота на лимон и магијата на оревот...
Со жица изматете го тиквеното пире со шеќерот. Потоа додајте го омекнатиот маргарин и на крај јајцето. Сувите состојки додавајте ги по ред и при тоа мешајте со шпатула, а на крај откако ќе го додадете и брашното измесете со рака. Ќе добиете меко тесто. Со намастени раце поделете го на 2 дела. Во едниот додајте ги оревите кои предходно сте ги иситниле во сецко, а во другиот афионовото семе и ренданата кора од лимон. Правете мали топчиња кои малку ќе ги сплескате и врз нив ќе наредите од црни чоколадни струготини врз тестото со ореви и бели врз тестото со афион. Печете ги во загреана рерна од 180 степени.
Лиценца: Сите права се задржани
Претпоставувам тиквата е претходно печена за да го задржи благиот вкус?!
И уште едно прашање: 200 гр.тиквено пире или сирова тиква?
Натали, навистина имаат привлечна, убава жолта боја и затоа и насловот им е таков доделен :)
Женски, ви благодарам на сите, мило ми е што ви се допадаа.
Весне, во право си. Тиквата нуди широк спектар на употреба, па кога женскиве од овој сајт стапат во акција со својата креативнот, е навистина редакцијата ќе си има маки хаха
Совет: Чувајте ги добро затворени во кутија или најлон ќеса.
шеќер дома не може уште да ја сфати битолчанската жичка во мене која што јаде попара кисело млеко со шеќер :D :D :D :D