Жолти колачиња со тиква
Состојки
- 200 гр тиква
- 150 гр шеќер
- 1 помало јајце
- 30 гр омекнат маргарин
- 1 лажица млеко во прав
- 1 лажица пченично брашно (30 гр )
- 350гр пченкарно брашно
- 1 чајно лажиче прашок за печиво
- 1 пак. лимон шеќер
- Плус
- 50 гр ореви
- 20 гр афион + 1 лажиче кора од лимон
- термолабилни чоколадни плочки (трошки, капки)
Подготовка
Фини меки и жолти суви колачи со крцкава кора и мека внатрешност со вкусна нежна нота на лимон и магијата на оревот...
Со жица изматете го тиквеното пире со шеќерот. Потоа додајте го омекнатиот маргарин и на крај јајцето. Сувите состојки додавајте ги по ред и при тоа мешајте со шпатула, а на крај откако ќе го додадете и брашното измесете со рака. Ќе добиете меко тесто. Со намастени раце поделете го на 2 дела. Во едниот додајте ги оревите кои предходно сте ги иситниле во сецко, а во другиот афионовото семе и ренданата кора од лимон. Правете мали топчиња кои малку ќе ги сплескате и врз нив ќе наредите од црни чоколадни струготини врз тестото со ореви и бели врз тестото со афион. Печете ги во загреана рерна од 180 степени.