Колач пита од кревко тесто и вкусен, богат фил
Прекрасна пита, како на изглед, така и на вкус
1. Во сад ги ставаме сите состојки и набрзина замесуваме тесто. Го завиткуваме во прозирна фолија и го оставаме во фрижидер.
2. За тоа време го подготвуваме филот. Во тенџере ги ставаме сите состојки(исецкани) и вариме на тивок оган 6-7 минути, односно додека не испари течноста. Оставаме филот да се излади
3. Сега тестото го делиме на 2 дела. Ги сукаме двата дела во правоаголник. На дното на мала ростер тава ставаме хартија за печење, мене така ми е полесно да го пренесам испечениот колач, или тавата ја премачкуваме со масло и наросуваме лебни трошки. Кората малку со нож или вилушка ја боцкаме, за да не се крене во печењето. Врз неа го нанесуваме филот. Врз филот ја нанесуваме втората кора. И неа малку ја боцкаме.
4.Печеме во загреана релна околу 30 минути на 180 с. Колачот треба благо да зарумени. Потоа го оставаме потполно да се излади, па наросуваме шеќер во прав, сечеме на парчиња и послужуваме
Лиценца: Сите права се задржани
Desertov bese za merak
Testoto e po krevko, od kiselata pavlaka
Kaj si ti devojce?
Fala sto svrati tuka
pozz Kate