22
авг
2015
Вкусен колач со џем и ореви
Одличен спој на слатко - киселкаст вкус збогатен со оревчиња.
Најпрво се прави тестото и се печи во округло тавче со обрач бр.26.
Се печи на 170С-20мин.
Се прави кремот. Сите состојки се мешаат во тенџерче и се вари на тивко. Кога ќе зоврие кремот се исклучува ринглата и се остава да се повари. После 20мин испечен пандишпанот се мачка со мармалад од кајсии и се истура врелиот крем. Се допекува уште 10мин да се впие кремот, а оревчињата да останат горе суви. На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани