Што и да напишам за овој колач нема да можам во целост да ви го објаснам феноменалниот вкус кој го има. Совршен, со кревко тесто, крцкава средина и кремаста глазура. Пробајте го. Подготовката е следна

1. Разделете ги белките од жолчките. Во подлабок сад ставете ги белките со половина од шеќерот и со миксер матете додека да се растопи.
2. Во друг сад ставете го путерот со преостанатиот шеќер и него изматете го. Кога е убаво пенесто изматен додајте го во садот со изматените белки. Додадете ги и мелените ореви и брашното помешано со пециво. Повторно матете со миксер додека смесата не се соедини. Истурете ја смесата за кора во соодветна тава за печење ( јас печев во ростер тавата ) и печете во загреана рерна на 180 степени 20-тина минути.
3. Во меѓувреме подгответе ја смесата од жолчки. Со миксер изматете ги жолчките со шеќер и ванилин шеќер. Откако е испечена долната кора од колачот врз неа истурете ја смесата од изматени жолчки. Вратете ја тавата во рерна и печете уште 15-тина минути на 160 степени.
4. За чоколадниот фил, ставете во сад на оган млеко, шеќер, мелени бадеми и маргарин. Чоколадата искршете ја на поситни коцки и неа додадете ја во садот. Со лажица мешајте додека да се растопат маргаринот и чоколадата и тргнете го садот од оган.
5. Врз запечените жолчки нанесете го подизладениот чоколаден фил и оставете го колачот убаво да се излади и да се стегне. Сечете штангли или коцки по желба и украсете по свој вкус.

На здравје уживање

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови