Се матат јајцата со шеќерот, па им се додаваат другите состојки и се пече пандишпан на воообичаен начин. Јас редовно посебно ги матам белките во цврст снег и ги додавам на крај кон изматените жолчки. Се прават двата пандишпани со различните состојки и се печат во плех од шпорет бр 40

Фил 1
Се вари пудингот во млекото и одкако ќе се олади се додава пенасто изматениот маргарин со шеќерот. Убаво се изедначува.

Фил 2
Наполитанките се мелат низ машинче за мелење ореви и се мешаат со изматениот шлаг крем.
Најдоле се става кората со кокос, па над неа филот со наполитанки-втора кора па филот од пудинг и на крај шлаг пена или хопла.
Коцките се доста вкусни и кремасти

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови