Едноставни шпагети со кашкавал, павлака и маслинки
Еве ме и мене да презентирам една моја комбинација на шпагети. Рецептот го смислив со состојки кои ги имав при рака и ни се допаднаа.
Подготовка.
1. Шпагетите сварете ги во вода со малку сол, процедете ги.
2. Во тава за пржење ставете го ситно сецканиот кромид, пиперка и маслинки. Малку пропржете, па додадете ја павлаката и зачините додадете ги шпагетите и на крај кашкавалот.
Убава и едноствана комбинација може да си додадете некои сто грама печеница колку за мирис. Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани