Едноставна фокача (300 јубилеен рецепт)
Полека ама сигурно, со долго отсуство, стигнав и јас до мојот јубилеен 300 рецепт на оваа убава страница. Овде научив убаво да фотографирам, направив 300 рецепти со многу грешки, но така и научив убаво да готвам и можам да кажам дека речиси и не сум згрешила торта, како порано.
Сепак, за мој јубилеен 300 рецепт решив да изберам нешто солено и поедноставно. Затоа што едноставноста ми е омилена и ја преферирам во се што правам, виртуелно ќе ве почестам и ќе ви се заблагодарам на сите комплет.
Тука на оваа страница научив многу нови нешта, а и ми се овозможи креативно да го практикувам моето омилено хоби. Во тоа име, и во име на идното дружење, се одлучив да ви ја претставам оваа едноставна фокача, која не бара ни време, а ниту кој знае какви готварски вештини, ниту комплицирани состојки, која ми е омилен рецепт во последно време и како готвач и како консумер и која е највкусното, а најбрзо пециво кое ќе го пробате. Се надевам дека ќе ви се допадне!
Еве ја подготовката.
1. Брашното, водата, солта и квасецот измешајте ги со лажица, да добиете еднолична смеса.
2. Така спремно, тестото оставете го во фрижидер (6 до 10 часа), покриено со фолија.
Ако го спремате од вечер за утрото, ќе имате прекрасно домашно лепче за појадок.
3. Потоа префрлете го надојденото тесто во намаслено тавче, со маслиново масло, прелијте го со малце маслиново и одозгора, притиснете го повеќе пати тестото со прсти за да направите меурчиња и дупчиња, па ставете ги семињата. Можете да си користите семиња по желба, исто и зачини.
4. Печете 20 до 30 мин, на 200 степени во загреана рерна. Треба да добиете позлатено тесто, одделено од краевите на тавата.
5. Нека излади малку, па искршете го зашто така е послатко да се јаде, или исечете го.
Превкусно крцкаво лепче кое предобро оди со домашен хумус, ајвар, павлака или домата.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Едноставен и убав рецепт, ме бендиса...супер е.
Нека се множат рецептите.
Фокачите ги обожавам.
Neka se mnozat uste mnogu recepti.
So vakva fokaca nema greshka. Ubava i vkusnicka.
Продолжи и понатаму
навистина ни е драго што повторно ни се врати во нашата дружина на луѓе кои го сакаат готвењето повеќе од се. Како што и самата пиша во најавата, заедно пораснавме и сите научивме многу едни од други. Тоа е вистинското богатство за кое сме секојдневно присутни на оваа страница.
Овој твој јубилеен рецепт е само доказ за тоа колку и едноставните рецепти знаат да имаат тежина... И сигурни сме дека ќе го пробаме, затоа што сите во тимот сме љубители на рецепти со тесто :)
Ти благодариме за твоите 300 рецепти и ти подаруваме сет Delimano Green Planet тави!
Се надеваме дека ќе продолжиш да ни споделуваш одлични рецепти, затоа што умееш да направиш магија во кујната..
Тимот на Мои Рецепти
Секоја прилика ја користам да сум присутна тука, колку што се може :)