10
дек
2017
Богат колач со белки
Колач кој изобилува со суво и јаткасто овошје, крцкав и егзотичен.Еве уште еден начин да се искористат белките кои ни остануваат откако ќе правиме некоја торта.
Подготовка
Ги матиме белките да побелат, па го додаваме шеќерот. Матиме додека не ни се згуснат убаво белките.
Ги додаваме брашното и растопениот путер, соединуваме. Ги додаваме сечканите ореви, брусницата и чоколадото.Промешуваме и смесата ја истураме во калап. Печеме на 180 степени околу 30 минути.
Забелешка
Колачов го печев во силиконска делимано тава. Ако немате такво калапче, во тавчето или модлата во која че печете намрстет ја со масло и набрашнете ја. Колачот го сечев и фотографирав додека сеуште беше топол.