Кога се во прешање баклавите во мојава тетратка има едно десетина од кои две ми се редовно подготвувани. Оваа баклава е нов рецепт кој го добив од мојата пријателка Светлана. Малку претрпе измени од моја страна, ама името никако.
Баклавата е сочна, мека, вкусна и бргу се подготвува, но се разбира и не е комплицирана.
Сакам само да кажам нешто во врска со корите кои кај нас во Куманово се продаваат за многу ефтина цена од килограм. Корите се краеви одсечени од готовите кори и самата фирма ги продава на кило но доколку кај вас не се продаваат одлична работа вршат и обичните кори за баклава исечени на ленти.
Подготовка
1. Јајцата и шеќерот ги матиме во цврста пена. Во смесата го сипуваме прашокот за пециво, мелениот печен лешник и кокосот. Во подмачканата тава (мојата е со димензии 25*35) ја сипуваме смесата и печеме на 200степени половина час. Ја оставаме да се излади, сечеме на коцки или по желба...
2. Во касерола го ставаме шеќерот и водата да врие пет минути тргаме на страна и ја попаруваме баклавата.
3. Изладена се прелива со чоколада или по желба.
Забелешка
Во оригиналната верзија баклавата попарена се премачкува со мармалад и потоа се филува со шлаг крем или со топена чоколада. Јас ја полив само со чоколада.
Да не заборавам да кажам дека доколку сакате може да не користите лешници и кокос туку се става дванаесет лажици ореви. Се надевам дека ќе ви се допадне...Добар апетит!!!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани