1
мар
2012
Домашни Ферреро Рошер
Најпрво лешниците ставете ги во рерна на 180 степени 8-10 минути да се потпечат па кога ќе ги извадите исечкајте ги ситно. Наполитанките издробете ги со рака, додајте ги исечканите лешници и нутелата се убаво измешајте. Од смесата обликувајте топчиња по едно лажиче за топче, ако смесата ви е премногу мека прво ставете ја во фрижидер да се стврдне па потоа правете топчиња. Откако ќе направите топчиња чоколадото истопете го со 4-5 лажици масло и посипете ги топчињата, по желба наросете исецкани лешници.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови