Прво во една касерола ги ставме на многу тивок оган да се соединат сите состојки за премачкување. Оставаме на страна да се излади.

Во еден сад ги соединуваме сите состојки за полнењето и додаваме малку млеко, да се добие како ронки смесата.

Сега на работната маса ставаме лист кора. Со четка ја премачкуваме со смесата. На почеток на кората ставаме од полнењето. Виткаме ролатче. Го ставаме во плех. Постапката е иста со целиот материјал.
Така наредените ролатчиња ги сечеме на мали парчиња со остар нож, околу 6,7 парчиња да имаме.

Тие две лажици путер ги растопуваме и ја премачкуваме баклавата одозгора. Печеме во загреана релна на 170-160 с околу 40 минути.

Во меѓувреме од наведените состојки го ставаме шербетот да се вари на тивок оган, 6-7 минути од кога ќе зоврие. Испечената баклава ја оставаме да се излади, па ја прелеваме со млакиот шербет. Ја оставаме на ладно 10 часа. Потоа ја декорираме со растопено чоколадо и малку мелен лешник.

Послужуваме од оваа исклучителна убавина од баклава.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани