Домашни кори (јуфки) на едноставен начин
Ваквиот начин на подготовка на корите или губи како што си ги викаме во Охрид многу ме потсетува на детството и на мојата баба. Таа многу често ни ги готвеше вака.
1. На тава на оган го додаваме путерот, чекаме додека да се растопи и ги додаваме корите. Ги пржеме малку додека не добијат потемна кафена боја, не мора сите и додаваме вода, па и оставаме да се сварат. Не треба да ги цедите, односно кога ќе извари додата се прави како еден слој од горе.
Јас ги јадам само со зачин, но вкусни се и со сиренце, јогурт кој како си сака.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови