Домашни кори ( јуфки )
1. Јајцата, млекото и солта се маткаат со маткалка 5 минути. Во поголемо вангличе се ставаат 4 килограми брашно и постепено се додаваат од смесата со јајцата( јас користев брашно сентела) . Доколку има потреба се додава уште брашно за да се добие средно тесто. За полесно да се работи, тестото се дели на 2 дела. Убаво се меси и се остава да стои половина час. За да не се исуси се покрива со најлонска фолија.
2. Потоа се зема дел од тестото се прави како ролат и се сечи на парчина со дебелина од 3-4 сантиметри. Од пошироката страна се потсплескуваат со дланката и се брбелаат во брашно.
3. Се поминуваат на машина за кори со соодветна промена на бројките за да добиете што е можно потанки ленти ( на мојата машина јас ги вртев на 2, 4, 5 и 7) . се редат на сушалка под која има поставено чаршав, бидејќи се сушат и почнуваат да паѓаат. Се собираат корите и се оставаат да се сушат на собна температура неколку дена. Од време на време се промешуваат и се кршат. Се собираат во соодветни торбина и се спремни за припремање на вкусен оброк, особено во зимскиот период.
Совет- за полесно и побрзо да ги направите најпрвин вртете на една бројка и ставете ги на маса на која има посипано брашно, а потоа на следна бројка, се додека не ги извртите на последната и не ги ставите да се сушат. Ова е со цел за секоја лента да не ги менувате бројките.
Лиценца: Сите права се задржани