Секогаш кога готвам нешто со мелено месо, задолжително издвојувам стотина грама и правам вкусна домашна супа. особено во зимските месеци сите дома си ја сакаме.
1. Меленото месо го зачинуваме со сол, бибер и зачин, неколку капки масло, го замесуваме и правиме ќофтенца.
2. Водата ја ставаме на едната рингла во тенџере да зоврие, а на другата рингла во мало тавче ги пржиме ќофтенцата. Штом водата зоврие, ќофтенцата ги вадиме од маслото и ги ставаме во зовриената вода. Во маслото од ќофтенцата го рендаме морковот и го пропржуваме до подгорување и целата смеса ја истураме во зовриената вода.
3. Компирот го лупиме и го сечкаме на коцкички кои ги додаваме во водата, коцката супа и по вкус зачинуваме со сол, зачин и бибер. Кога компирчето ќе подомекне, по желба додаваме фиде. Кога и фидето ќе се свари, сечкаме магдонос, ја тргаме супата од оган и откако малку ќе се подолади, ја зачинуваме со разматено јајце со малку млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови