Домашна брза пица на мој начин
Овој рецепт го видов од ФБ од Вера Трајковска, и откако го пробав прв пат постојано ја правам пицава на овој начин, само со мои измени...
Сувите состојки ставете ги во сад и промешајте ги со лажица. Потоа додадете го јајцето, јогуртот и павлаката и матете кратко со миксер додека да се соединат состојките и да нема грутки.
Во намрсен плех бр. 30 истурете ја смесата и со лажица, која ја потопуваате во топла вода, распоредете низ целиот плех.
Одозгора намачкајте го тестото со доматен сос, од краевите нанесете го сусамот, во средина изрендајте ги пилешките гради, додадете ги исецканите парчиња топено сирење, печурките и наросете со оригано.
Пицата печете ја во претходно загреана рерна на 250 С, 15 минути.
Забелешка-наместо топено сирење вие ставете си кашкавал, јас вака направив за проба, експериментирав малку =))), и можете да ја направите со само бело брашно, само интегрално или мешано како мене, и наместо двете лажици павлака и 180 мл јогурт може да ставите 250 мл јогурт или 250 мл кисело млеко, подеднакво е вкусно, мене ме мрзеше да одам до продавница да докупувам јогурт пазатоа додадов две лажици павлака =))))
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови