Ова лепче погача многу им се допаѓа на домашните. Меко е, вкусно и од него се сечат прецизни кришки. Дома скоро секој ден месиме леб, со различни врсти на брашно и различно комбинирање на истите..

Сите врсти на брашно и мелените семиња прво убаво ги промешуваме. Во средината на брашното правиме вдлабнатина и во неа го ставаме квасецот, солта и маслото. Со млака вода го замесуваме тестото и тоа постепено додавајќи од водата, а месиме со рака. Тестото треба да ни биде меко замесено, односно да се лепи за раката. Кога сите состојки убаво ќе ги поврземе го оставаме да стаса.

Откако тестото ќе се дуплира, значи стасало и го размесуваме. На местото каде ќе го размесуваме ставаме брашно и тестото го набрашнуваме. Тестото го месиме и го делиме на три дела односно на три топки. Правам и векни ама сега ја одбрав оваа варијанта.
Ги ставаме во набрашнето тавче и повторно го стасуваме. Треба да нарасне 1/3 повеќе од постоечката големина.
Рерната ја загревам на 250 степени.
Го ставам лебот да се пече. Откако ќе нарасне во рерната, ја намалувам температурата на 220 степени. Кога ќе добие темно кафеава боја значи е печено. Го вадиме од рерната и од тавчето и го виткаме во кујнска крпа додека да се излади, ама вкусно е и топло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани