8
мај
2014
Домашен тиквешки пинџур
Се печат зелени пиперки, црни домати и лути пиперчиња.
Се лупат, се кинат на парчиња и се толчат во дрвена лучница.
Настрана се земаат црвени домати, се лупат, се сецкаат и се ставаат на оган да се направат во сос.
Се чисти една главица лук, се толчи во чиста лучница, се додава сол и капка по капка се додава 100-150 грама масло со постојано вртење на лукот.
На таков начин треба да се добие смеса слична на мајонез.
Во лукот се додаваат претходно истолчените пиперки, црни домати и сосот од црвени домати.
Сето убаво се меша и се служи во земјено тавче.
Фали уште топло лепче и биено сиренце.
Лиценца: Сите права се задржани
http://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%BE-%D1%82%D0%BE%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D1%80%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B8 баш и исклучиво оваа верзија :) А твојата ќе ја пробаме кога ќе дојдиме на гости хехехе
умрев на кратко од убавинава!
:) :) :) :)