Домашен тиквешки пинџур
Состојки
- 1 кгр зелени пиперки
- 2 модри домати
- 3-4 лути пиперки
- 500 гр црвени домати
- 1 главица лук
- 100-150 мл масло
- 1 лажица сол
Подготовка
Се печат зелени пиперки, црни домати и лути пиперчиња.
Се лупат, се кинат на парчиња и се толчат во дрвена лучница.
Настрана се земаат црвени домати, се лупат, се сецкаат и се ставаат на оган да се направат во сос.
Се чисти една главица лук, се толчи во чиста лучница, се додава сол и капка по капка се додава 100-150 грама масло со постојано вртење на лукот.
На таков начин треба да се добие смеса слична на мајонез.
Во лукот се додаваат претходно истолчените пиперки, црни домати и сосот од црвени домати.
Сето убаво се меша и се служи во земјено тавче.
Фали уште топло лепче и биено сиренце.