10
апр
2020
Тиквешки ќофтиња
Ги обожавам.
Подготовка
1. Во длабок сад, изрендајте ги тиквичката и сирењето. Потоа, додадете сецкан праз, сусам, јајце, црн пипер, кари и сол. Промешајте убаво. На крај, постепено додавајте брашно и мешајте. Смесата не треба да биде ниту премногу течна, ниту премногу густа.
2. Загрејте малку масло во тавче и ставајте од смесата со лажица. Пржете ги од двете страни.
Добар апетит
Забелешка
Нема потреба да ги цедете од зејтин на кујнска хартија, доколку ставате по многу малку масло при пржењето.
Лиценца: Сите права се задржани
Ќе оди на проба