Домашен сенф
Сенф може многу лесно да се подготви, а за тоа ви се потребни само неколку состојки. Ова е основниот рецепт за негова подготовка.
Семето од синапот сомелете го, најдобро во машинка за мелење кафе.
МНОГУ ВАЖНО!
Внимавајте при мелењето машинката да не се загрее бидејќи синапот со загревањето (веќе на 30°) ја губи аромата и добива горчлив вкус.
Штом забележите дека машинката малку се загреала, престанете со мелењето, почекајте 2-3 минути да се олади и потоа продолжете. Количината од 110гр. јас ја поделив на четири дела и потоа секој дел посебно го мелев. Треба да добиете што пофина мелена смеса.
Ставете го мелениот синап во еден сад, додадете ги останатите состојки и измешајте ги убаво. Мешајте ја смесата околу 5 минути. На почетокот ќе биде доста течна, но веќе по 10-тина минути ќе видите како синапот набабрува и смесата се згуснува. Оставете го така во садот околу 2 часа и повремено промешувајте го.
На крај, ставете го подготвениот сенф во тегличка, поклопете со капачето, но не ја затварајте. Сенфот треба преку ноќ да отстои и да фементира. Потоа може да ја затворите тегличката и да го чувате во фрижидер.
На вака подготвениот сенф потребни му се три недели за да „созрее“, на почетокот е многу лут а како отстојува така станува „мек“ на вкус.
За да не ви биде „досаден“ на вкус сенфот, може во него да додадете лук, рузмарин, кари, ѓумбир, мак,....едноставно од обичен сенф направете еден деликатес.
Ете, многу пишување за мала работа, ама сакав што појасно да го објаснам рецептов =)
Лиценца: Сите права се задржани
Само јас немам машинка за кафе. Некој уред како замена може да ми предложиш?
Sinapot moze da go melis vo secko, multipraktik, blender ili probaj so ako imas racen blender. E sega moze i racno da go istolcis vo avan, ama toa e po moe makotrpna rabota i ke ti odzeme poveke vreme. Najubavo e, ako mozes da go kupis veke melen. Ima edna prodavnica za seminja i razni zacini vo Beverli - Kapistec, pa mozebi ima tamu veke melen.
кој како го проба ОЗДРАВЕ и прочисти синуси :) :) :) :)
првиот пат кога го правев го прегорев, не да горчеше, само за непријатели беше :) :) :) :)
ама вториот пат го смрзнав и смрзнат го блендирав, феноменално испадна :)